Врз основа на член 67 став 4 од Уставот на Република Северна Македонија и членот 12 став (1) и членот 15 ставови (1) и (2) од Изборниот законик, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на 16 февруари 2020 донесе:
Решение за распишување на предвремени избори за пратеници во собранието на Република Северна Македонија
Врз основа на член 50-а од Изборниот законик, Решението за распишување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, бр. 09-1422/1 од 16.02.2020 на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Државната изборна комисија на 16.02.2020 година донесе:
Јавен повик за пријава и увид во Избирачки список за гласање во странство за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 12 април 2020 година (член 50-а став 1 од Изборниот законик)