Игор Џундев



Игор Џундев


Игор Џундев е вонреден и ополномоштен амбасадор,  постојан претставник на Република Северна Македонија при меѓународните организации со седиште во Виена од 14 февруари 2019 година. Тој е роден во Скопје, во 1963 година.


ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГАЖМАН  

Како професионален дипломат од 1990 година, тој има богата дипломатска кариера. Директор за мултилатерални односи (2012-2019), државен советник, амбасадор во МНР (2008-2012). Амбасадор, Шеф на кабинет на претседателот на 62 ГС на ОН (2007-2008). Вонреден и ополномоштен амбасадор, постојан претставник на Република Македонија при Обединетите Нации во  Њујорк (2004-2007).

Државен секретар во министерството за надворешни работи 2003-2004 година. Државен  советник за мултилатерални односи (2001-2003), помошник министер за мултилатерални односи (2000-2001). Директор за политички односи во секторот за мултилатерални односи во министерството за надворешни работи (1998-2000). 

Советник (1997-1998), прв секретар (1994-1997) во постојаната мисија на Република Македонија при ОН во Њујорк. Одделение за ОН во министерството за односи со странство (1992-1993). Аташе, сектор за мултилатерални економски односи, во Сојузниот секретаријат за надворешни работи на СФРЈ (1990-1992). 

Комерцијалист, ОХИС (1989-1990). 

Меѓу поважните професионални ангажмани се вбројуваат: член на тимот на Република Македонија во случајот против Грција пред Меѓународниот суд на правдата (Примена на Времената спогодба од 1995 година) (2008-2011); копретседавач на работната маса за човекови права и демократизација на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа 2001-2002 година; координатор на активностите во рамките на работната маса  за безбедносни прашања во рамките на Пактот за Стабилност на ЈИЕ; фокал поинт за Алијансата за Цивилизации; фокал поинт за мало и лесно оружје,  во рамки на мнр. 

Во рамките на професионалните ангажмани бил член или шеф на делегација на бројни меѓународни конференции и состаноци, во рамките на ОН, ОБСЕ, СЕ и други мултилатерални организации и форуми. 


ОБРАЗОВАНИЕ

Игор Џундев во 1988 година дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Завршува специјален курс за дипломати на Дипломатската Академија во Виена (1991-1992).