Кои се потребните документи за упис на брак во матичната книга на венчаните?


• Молба (се пополнува во Амбасадата)

• Барање за запишување на брак во матичната книга на венчаните на Република Северна Македонија (се пополнува во Амбасадата)

• Извод од матичната книга на венчаните на интернационален образец за земјите членки на Конвенцијата за издавање изводи од матичната книга на повеќе јазици/Виена 1976. За државите кои не се членки на Конвенцијата (како што е пр. Египет), изводите од матичната книга на венчаните треба да бидат легализирани со печат АПОСТИЛ и со заверен превод на македонски јазик.

• Уверенија од државјанство на Република Северна Македонија

• Патни исправи (горенаведените документи се доставуваат во оригинал и копија)

• Доказ за законски престој во државата каде што е склучен бракот

Последно ажурирање: 29 јануари 2020