Колку треба да ми важи пасошот ако патувам во странство?


Согласно Законот за границите на ЕУ и земјите потписнички на Шенген договорот (Schengen Borders Code), странец кој има намера да престојува во земјите членки на ЕУ и Шенген, ќе влезе доколку поседува валидна патна исправа или друг документ пропишан за преминување на надворешната граница. Патната исправа треба да ги задоволува следниве критериуми: 1)да е важечка најмалку три месеци по планираниот датум на заминување на странецот од територијата на земјите членки на ЕУ и потписнички на Шенгенскиот договор и 2) да е издадена во претходните 10 години.

Од страна на некои прекуокеански држави при влез или за добивање виза се бара патната исправа да е важечка најмалку шест месеци по планираниот датум на заминување и затоа советуваме навремено да ја контактирате најблиската амбасада или конзулат на земјата што имате намера да ја посетите.

Последно ажурирање: 29 јануари 2020